Тешко повредени две лица откако со моторот излетале на обиколницата

Со тешки телесни повреди се здобиле две лица откако моторот со кој се возеле вчера попладне излетал од коловозот на скопската обиколница. Тие веднаш биле префрлени во комплексот на клиники „Мајка Тереза“ каде им е укажана лекарска помош.

Полицијата соопшти дека со моторот „Хонда ЦБР“ управувало лицето К.Р. (41) од Скопје, а неговиот сопатник бил Г.С (42) исто така од Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.