Тешко повредено лице во сообраќајка кај ТЦ „Бисер“

Сообраќајка во Аеродром. Денеска на паркингот кај пазарот во Аеродром блиску до ТЦ „Бисер“ било повредено едно лице при судир на автомобил и мотор, пренесуваат очевидци на настанот. Како што е наведено од очевидец во судирот настрадал возачот на мотор, кој бил тешко повреден и однесен во болница со возило на Итна помош.
МВР во своето објаснување на настанот не споменува моторцикл, но ја потврдува сообраќајката во која учествувале автомобил „Цитроен Саксо“ и пешак кој е тешко повреден.