Тешко се добројуваат сообраќајните прекршоци во Скопје

И вчерашниот ден поминал вообичаено на скопските улици – без култура кај голем дел од возачите. Како резултат на тоа се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои две лица поминале со телесни повреди.

Полицијата соопштува дека од сообраќај биле исклучени 28 возачи од кои еден управувал возило под дејство на алкохол, а 27 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола.

Главниот проблем – пребрзото возење бил рисутен и вчера, дури 43 возачи биле фатени како управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Санкционирани биле и пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло.

МВР посочува и уште бројки за друг тип на прекршоци. Тешко е да се добројат, но не смее да биде тешко за полицијата да ги намали со поголема контрола.