Тетовчанец и скопјанец шетале со ножеви во Сарај и Бутел

Два ножа биле пронајдени кај две лица во одвоени контроли што полицијата ги направила вчера во скопските наслеби Сарај и во Бутел. Вчера во 18.00 часот на локалниот пат с.Сарај – с.Арнакија, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.А.(31) и Љ.Ф.(29), двајцата од Тетово. При ова, кај М.А. бил пронајден и одземен нож.

Кај клучката „Бутел“, пак, вчера околу 15 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Г.Д.(26) од Скопје бидејќи кај него бил пронајден нож.

По документирање на случите против овие лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.