Тетовчанка со скршена нога и повредена рака по нападот на кучиња скитници

Со тешки телесни повреди се здобила 40-годишна тетовчанка којашто синоќа беше нападната од кучиња скитници во Тетово. Глутница кучиња ја нападнаа синоќа околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар.

– Се движев од дома покрај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката –изјави В.С., мајка на три деца.

Жената била однесена во тетовската болница каде поради скршеницата на ногата ѝ е направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката. Случајот е пријавен во полиција, со тоа што полициска екипа дошла во болницата да направи записник за пријавениот напад од бездомни кучиња.

Претходна вестЕрдоган до Западот: Ќе платите неверојатна цена за политичката изолација на Русија
Следна вестЌе има ли СДСМ само премиер во македонската влада?