Тетовец илегално приредувал игри на среќа

Дваесет и тригодишен тетовец со иницијали Л. Т. од тетовско Требоше е приведен на улицата Видое Смилевски-Бато.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќата и забавните игри.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени лаптоп, кој се користел за менаџирање на клиентите и за надополнување кредити, како и извесна сума парични средства. Се расчистува и документира случајот и на Л. Т. ќе му биде изготвен поднесок

Претходна вестЛевица формира Aнтифашистички фронт на жените
Следна вестМарш за женски права во Скопје