ТФТ доминантен против Вардар, го победи со 53 разлика

Кошаркарите на ТФТ Скопје славеа во градскиот дуел со Вардар и тоа со убедливи 90-37 во рамките на 19. коло на Првата македонска лига.

Пресметката во СРЦ „Кале“ не понуди многу борба поради слабиот настап на гостинската екипа. Момците на Боро Смилковски на рутина го решија мечот во своја корист и славеа со вртоглави 53 поени разлика.

Само првата четвртина беше донекаде израмнета и во неа вардарци парираа и се одржуваа на пристојна негатива (17-13). Веќе до полувремето предноста порасна на двофирено и на одморот се замина со 40-25.

Вториот дел понуди неверојатна доминација на ТФТ кој ја доби третата четвртина со 24-5 и четвртата со 26-7 за крајна огромна победа.

Во победничкиот табор имаше четири фудбалери со двоцифрен ефект и тоа: Браун со 15, Зафиров со 14, Ташовски со 12 и Стојаноски со 11, додека кај Вардар се истакна Бајрам со 10.

Претходна вестДел од Карпош без вода
Следна вестМакрон: Влегуваме во нова ера, иднината на Европа не смее да се решава во САД и Русија