Home АКТУЕЛНО Тинејџер крадел велосипеди во скопски Аеродром

Тинејџер крадел велосипеди во скопски Аеродром

0
Тинејџер крадел велосипеди во скопски Аеродром

Вчера полицијата привела тинејџер од Скопје кој крадел велосипеди низ општина Аеродром. Тој бил задржан во полициска станица.

– На 29.10.2023 во Скопје полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачје на општина Аеродром на 02.10. и 25.10.2023 одзел велосипеди, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.