Деветнаесетгодишното момче почина по струен удар завчера вечер во скопската населба Радишани, соопшти полицијата.
МВР информира дека незгодата се случила на домашна забава.
-Вчера во 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на домашна забава во Радишани, скопско, од струен удар починал Љ.Љ.(19) од Скопје. Според пријавеното, откако излегол од базенот, Љ.Љ. преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој, информираат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.