Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера, 16.09.2023 година сабота, имало вкупно 23 пожари на отворено, од коишто се изгаснати 22, а само еден се уште се води како активен, според добиените известувања во Секторот за операции и координација во ЦУК, до утрово.
Еден пожар, од вчерашните, се уште се води како активен: во Општина Студеничани кај „Марков Манастир“ помеѓу селата Маркова Сушица и Цветово каде што горела ниска вегетација и дабова шума.
Утрово од терен е добиено известување дека во текот на ноќта и утрово немало знаци на пожар на оваа локација, но за истиот се уште не може да се каже дека е изгаснат.