Темен режим Режим на светлина

Точно ли дека поради прекин на струјата, инкубаторите на Клиниката за гинекологија и акушерство не работеле, прашуваат од Левица

Точно ли дека поради прекин на струјата, инкубаторите на Клиниката за гинекологија и акушерство не работеле, прашуваат од Левица Точно ли дека поради прекин на струјата, инкубаторите на Клиниката за гинекологија и акушерство не работеле, прашуваат од Левица

До Левица стигнала информација дека во петокот ноќта, на Клиниката за гинекологија и акушерство снемало електрична енергија при што и инкубаторите, кои ги обезбедуваат фундаменталните услови за преживување на предвреме родените бебиња, престанале да работат. Од партијата објаснуваат дека, според нивните информации, струја немало повеќе од половина час, а не проработеле ни агрегатите, па животите на овие бебиња биле доведени во опасност.

„Пет дена изминаа, а министерството за здравство и раководните лица на Клиниката молчат и не преземаат никаква одговорност за општиот хаос што се случил според нашите информации. Во држава во која приватни објекти и ресторани имаат обезбедено генератори, недозволиво е установа од терциерната здравствена заштита, а при тоа и универзитетски клинички центар да нема функционален и сигурен резервен систем.
Додека во светот медицината напредува кон минимално инванзивни процедури, роботика и високотехнолошки решенија, во Македонија се молиме да не случајно снема струја на неколку часа, бидејќи немаме функционални генератори и животите на новороденчоњата кои се во инкубатори се оставени на милост и немилост,“ реагираат од Левица.

За нив ова е апсолутен показател на некомпетентност, незаинтересираност и неодговорност. Од партијата побараа директорката на Клиниката, Ирена Алексиовска Папестиев итно да одговори за овие сериозни сомнежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Иран трага по пилотот од соборениот американски воен авион, ветува „богата“ награда

Иран трага по пилотот од соборениот американски воен авион, ветува „богата“ награда

Следна објава
СДСМ: Како е можно преку граница да поминале 5 тона дрога, а никој да не одговара?

СДСМ бара итни мерки од Владата за заштита на стандардот на граѓаните