“Томе Илиев секстет“ вечерва во Куршумли ан

Вечерва, со почеток од 21.30 часот љубителите на убавата музика ќе можат да уживаат во Куршумли ан, на концертот на етно-џез групата од Швајцарија: Томе Илиев секстет.
Во составот на секстетот на кларинетистот и композитор Томе Илиев се и Флоријан Вајс – тромбон, Франсис Лана – пијано, Валентин Баумгартнер – гитара, Горан Гешовски – бас и Адријан Бекли – тапани.
Инаку, Томе Илиев има 34 години, кавадарчанец е по потекло, а работи како професор по кларинет во музичкото училиште „Хуг“ во Цирих, во циришката музичка компанија „Рорбас“ и како диригент на дувачкиот бенд во Мелинген, Аргау.
Утревечер пак, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ,во 20.30 часот почнува настапот на машкиот камерен хор „Св. Ефраим“ од Унгарија.