Тоневски најави дека секоја населба во Пробиштип ќе биде поврзана со современи патишта

11

Кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, во својата програма за наредниот мандат најави изградба и реконструкција на патишта што ќе го поврзат секое село и секое населено место во општината.

„Пробиштип не е само градот – тоа сме сите ние, во секоја населба и секое село. Во наредните четири години ќе изградиме и реконструираме патишта што ќе го поврзат секој дом, секое место и секој човек. Заборавени места повеќе нема да има,“ истакна Тоневски.

Тој додаде дека главната цел е да се обезбеди пристапност и подобри услови за сите граѓани, како дел од пошироката визија за развој на општината.

„За тебе! За твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ порача Тоневски, нагласувајќи дека програмата е насочена кон секој жител на Пробиштип, без разлика каде живее.

Видеото може да го погледнете тука

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКоњановски: Битола ќе биде град со чист воздух и современ градски превоз
Следна вестЃорѓиевски најави дека Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница под „Лимак“