Тоневски најавува обновен простор околу познатиот даб во Марчино и нови пешачки патеки

10

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави уредување на просторот околу познатиот даб во Марчино, симбол на истрајност и локални корени. Според него, во овој простор ќе бидат поставени летниковци и клупи за одмор, со цел продолжување на дружењето и рекреативните активности на жителите.

Покрај тоа, Тоневски најави реконструкција на патот до Марчино, додека стариот пат од Марчино до Маричански дол ќе се претвори во пешачка патека за безбедни прошетки и рекреација.

„Градиме по план, градиме заедно. За тебе, за твоето место, за твојата иднина“, истакна Тоневски.

Овие проекти се дел од програмата на Тоневски за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот во Пробиштип, со цел граѓаните да добијат функционални и пријатни јавни простори.

Видеото може да го погледнете тука

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКоњановски очекува силно мнозинство во Советот на Општина Битола
Следна вестВремето денес променливо облачно со повремен локален дожд