Тошковски: Пиротехниката во дискотеката ја донел бендот „ДНК“, концертот бил „на диво“

285

Пиротехничките средства во ноќниот клуб во Кочани каде вчера утро се случи трагедија во која животите ги загубија 59 лица, а над сто се повредени ги донел бендот кој кобната нмоќ настапшувал во објектот со супстандардни услови за угостителски објект.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изнесувајќи, како што кажа, конкретни факти кои се утврдени во досегашната истрага.

-Од извршен разговор со член на групата ДНК утврдено е дека пиротехничките средства, прскалки во дискотеката ги донел бендот. За жал лицето коешто било задолжено за нивна употреба е починато, изјави Тошковски.

Во врска со пиротехничките средстав кои штои се користеле во дискотеката по увидот и форензичката анализа, како што кажа министерот, ќе биде доставен извештај до Јавното обвинителство, кое пак потоа ќе достави барање до МВР за да се утврди од која категорија била пиротехниката.

По ова дополнително ќе се утврди дали било потребно поседување на соодветен сертификат за употребата на пиротехниката.

Инаку, за употреба на пиротехничките средства, како што кажа, Тошковски немало пријава во Министерството за внатрешниу работи, односно надлежен Сектор за внатрешни работи, како што пропишува законот.

-Во однос на оние прашања коишто беа во делот на пиротенички средства, дали министерството требало да издаде одредени дозволи и какви, согласно законските прописи бројот на пиротехничките средства, целта на палење ракети и приредување огномет, факелијада или слични приредби мора да се пријават во Сектор за внатрешни работи на чие подрачје ќе се одржат. Во пријавата се наведува место, време, број, количини итн. Пријава до Министерството немало, рече министерот за внатрешни работи.

Претходна вестПо трагедијата во Кочани, заеднички час на студенти и ученици на УКИМ
Следна вестСопругата на Андреј: Лажат дека пиротехниката ја донел бендот, не штитете некој кој треба да е зад решетки