Тошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени, а капацитетот за фотографирање се зголемува шест пати

Во интервју за Телма, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека доцна синоќа е завршена ревизијата на нефункционалните закажани термини за фотографирање за лични документи.

“165.000 граѓани во Скопје имаат закажано термин за вадење на лични документи, кој што број вчера во неделата мојот тим со луѓето вработени во рамките на МВР констатираа дека е неточен. Односно голем дел од предметните закажувања се, така да кажам, фиктивни, голем дел од предметните закажувања не се споредени со оние коишто се предомислиле од редовна да влезат во итна постапка, или пак поминале да се сликаат во рамките на пунктот Пролет, кадешто нели беше прв дојден прв услужен, хаотично нели, ама така функционираше. Така да оваа бројка сама по себе. Откога направивме првично споредување на податоците ќе падне за отприлика некаде околу 20 отсто. Тоа значи дека отприлика некаде околу 30.000 телефонски закажувања се непотребни, односно несуштински и го оптеретуваат системот, и нереално наместо граѓаните да закажат во август – септември, закажувале во ноември – декември”, рече Тошковски.

Тој исто така додаде дека пунктовите, како тој во полициската станица Пролет, се популистички мерки кои се многу слабо менаџирани. Најави дека во следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните.

ФОТО ИЗВОР: МВР

Претходна вестНалепниците со НМК ќе бидат бесплатни за граѓаните, објави МВР
Следна вест„Едностраните мерки само долеваат масло на огнот“, кажа германскиот амбасадор во Косово за упадот на косовските специјалци во српските општини