Тошковски разреши 7 началници и командири во Штип и Кочани

82

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по несреќата во Кочани со одлуки за разрешувања.

Првиот човек на македонското МВР поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени:

1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип

2. Помошник началник на СВР Штип

3. Началник на Одделение за полиција Штип

4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип

5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани

6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани

7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Од Министерсвото за внатрешни работи повеќе детали за разрешувањата најавија за подоцна во текот на денот на прес конференција.

Претходна вестПовредите на пациентите од Кочани кои се лекуваат во Србија се опасни по живот, вели доктор Милан Стојичиќ
Следна вестВо четврток ќе бидат погребани загинатите од пожарот во Кочани