Тошковски се сретна со родителите на загинатите во Кочани: Правда мора да има

37

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги прими семејствата на загинатите во пожарот во Кочани во просториите на министерството, откако тие претходно изразија протест пред зградата на Јавното обвинителство на РСМ и пред Собранието.

На средбата, родителите го прашаа зошто истрагата се води на селективен начин, но изразија и незадоволство дека не се притворени вистинските виновници за смртта на нивните деца.

Тошковски ги увери родителите дека правда за овој случај мора да има, посочувајќи оти во интерес на истрагата не смее да сподели повеќе детали.

-Ве разбирам и ви го разбирам гневот. Не сакам од ова да правам политика. Не сметам дека овие деца тоа го заслужуваат. Истрагата е се уште во тек. Досега се осомничени 70 лица, рече тој.

Посочи дека за случајот е осомничен и актуелен министер, актуелни директори и актуелен градоначалник.

Потоа средбата меѓу Тошковски и семејствата на настраданите продолжи без присуство на медиумите.

Дел од родителите на загинатите во пожарот денеска влегоа во зградата на Обвинителството откако вчера оттаму упатија повик да дојдат и да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка.

Претходна вестДел од роднините на средба со обвинителите по одговори за истрагата
Следна вестБектеши останува во затворски притвор, екс-градоначалниците во куќен