Традиционални „Прличеви беседи“ во Охрид

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев. Традиционалните „Прличеви беседи“започнаа денес во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски.

Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13: 00 часот со традиционалната „Прличева визита“.

Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години. Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата „Најдобра поема за 2023 “ да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист, академик Анте Поповски а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

Претходна вестМВР потврди: Дојави за бомби добиени во осум средни училишта во Скопје
Следна вестВо Далас загрижени, Дончиќ повторно се повреди