Трагедија на патот кон Драчево: Петмина мртви во судир на „Рено“ со камион за ѓубре

Три лица загинале на лице место, а двајца подоцна им подлегнале на повредите на скопските клиники, во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу полноќ, на патот кон населбата Драчево. Ова е неофицијалната информација според сведоците што биле присутни кога телата биле вадени од возилото, но и од полицијата присутна лице место.
Станува збор за помало возило, марка „Рено“ кое, според истите очевидци, се движело пребрзо па се судрило директно во камион за собирање ѓубре. Неофицијално, меѓу настраданите има и малолетно девојче.
Според фотографиите што ги објави порталот „Прес 24“, јасно е видливо дека судбината на оние кои се возеле во автомобилот е трагична. Во текот на денот се очекува полицијата и официјално да ги објасни деталите: како „Рено-то“ заврши во камионот за ѓубре, и кој е виновен?
Очевидците велат дека брзата помош пристигнала веднаш.