Темно Режим Светло Режим

Трамп до Нетанјаху: Продолжете по линијата во однос на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи со својата линија во врска со Иран, јави ДПА.

Како одговор на новинарско прашање за тоа што му кажал на Нетанјаху, Трамп рече: Јас реков: продолжете.

Американскиот лидер објасни дека разговара со Нетанјаху секој ден.

-Тој е добар човек, рече Трамп за Нетанјаху.

Како одговор на прашањето дали му кажал на Нетанјаху дека има намера да му помогне на Израел повеќе отколку што му помогнал досега, Трамп одговори со „Не“.

Претходниот Пост

Македонските ракометари поразени од Фарски Острови на стартот на Мундијалот

Следниот Пост
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денес сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи