Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против весникот „Њујорк тајмс“.
Трамп ова го објави на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social), обвинувајќи го весникот за како што наведе, децениските лаги против него, неговото семејство и бизнис, движењето „Америка на прво место“, МАГА и американската нација како целина, пренесе „Гардијан“.
„Денес имам голема чест да поднесам тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против ‘Њујорк тајмс’,вели Трамп во објавата.
Тој во неа, посочува на поддршката на „Њујорк тајмс“ за неговата противкандидатка од редовите на демократите Камала Харис на претседателските избори во 2024 година, наведувајќи дека весникот станал „виртуелен гласноговорник на радикалната левичарска демократска партија“.




