Темно Режим Светло Режим

Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО во Холандија на крајот на јуни

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе присуствува на самитот на НАТО закажан за 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија, објави „Бета“.

Ова го објави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Откако се врати на власт, Трамп постојано ги повикува членовите на Северноатлантската алијанса значително да ги зголемат своите воени трошоци.

Украина претходно беше поканета на самитот на НАТО, а се очекува да учествуваат 32 шефови на држави и влади.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Oд ЕХФ нема абер, навивачите на АЕК прават проблеми и во грчкото првенство

Следниот Пост
Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал

Во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово