Трамп потврди дека договорот меѓу Хамас и Изреал е речиси готов, можно е да замине во посета на Блискиот Исток

14

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес соопшти дека размислува за потенцијална посета на Блискиот Исток за време на наредниот викенд, додавајќи дека се приближуваат кон спогодба за прекин на непријателствата во Газа.

Во изјава пред новинарите во Белата куќа, тој рече дека разговорите се движат во добра насока и дека постои „голема шанса“ да се постигне договор за запирање на војната во Појасот Газа според неговиот предлог.

Трамп истакна дека постои можност да отпатува на Блискиот Исток во недела, бидејќи, како што рече, посредниците вложуваат максимални напори.

„Имаме одличен преговарачки тим таму, но за жал и другата страна има одлични преговарачи. Но, мислам дека тоа (прекинот на огнот) е нешто што ќе се случи, има голема шанса да се случи“, рече Трамп.

Тој повтори дека неговата иницијатива има поддршка од арапскиот и муслиманскиот свет. „Нашите последни преговори се со Хамас. И се чини дека одат добро. Ако е така, веројатно заминувам во недела, можеби во сабота“, изјави Трамп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОмерагиќ му честиташе на Енис Барди за ќерката Аја
Следна вестВо станот во Белград во кој загина Македонецот Мартин Сипковски имало 1.5 кг експлозив