Македонскиот фудбалски великан Вардар утревечер ќе се соочи со швајцарскиот претставник Лозана на свој терен, во рамките на првиот дуел од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА – најновиот европски клубски турнир.
Тренерот на Лозана, Петер Цајдлер, на прес-конференцијата пред натпреварот истакна дека неговата екипа не се гледа како фаворит во овој двомеч.
„Сметам дека шансите се изедначени – 50 наспроти 50. Тоа важи за секој меч, па така и за овој против Вардар. Има и реванш следната недела, така што сè е отворено. Се подготвивме сериозно, анализиравме што игра Вардар во последниве недели и знаеме дека не нè очекува лесен натпревар. Познати сме со македонскиот фудбал – многу Македонци живеат во Швајцарија, сите добро го познаваат Џани Алиоски. Очекуваме динамична, фер и квалитетна средба. Според она што го видовме од нивниот меч против Сан Марино, Вардар има офанзивен пристап и ќе мора да одговориме со иста мера. Финалниот збор сепак ќе го има реваншот следниот четврток“, изјави Цајдлер.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



