Трето дете почина од морбили во рок од три дена

Уште еден тукушто почнат живот згасна. Синоќа 13-месечно бебе на Клиниката за детски болести починало од компликации предизвикани од морбили, соопшти Министерството за здравство.
Бебето, инаку од Тетово, било донесено со компликации на Детската клиника. Не било вакцинирано.
Ова е трета жртва за само три дена. Вчера, исто така на клиника почина дете од Свети Николе, а претходно битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе.
Според информации од Детската клиника уште неколку деца се во критична ситуација.
Од Министерството апелираат до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината.