Трева ќе го обрасне чирот на покривот на ГТЦ, но мора да се внимава

Град Скопје ќе го отстранува објект што беше постави на покривот на ГТЦ. Ваквата одлука дојде по острата реакција и притисок од јавноста дека на покривот на трговскиот центар кој е еден од симболите на градот се гради нешто што не е предвидено со новиот план. Таму требаше да има само зелен покрив со цвеќиња и дрва.

Од раководството на Градот Скопје најавуваат дека на место на градбара која ќе биде турната ќе се посади трева со ниско украсни цветни аранжмани во согласност со проектот за зелен кров на ГТЦ.

Зошто мораше да реагира јавноста па дури тогаш да се врати тревата на покривот на ГТЦ? Зошто раководството на Град Скопје самото не увиде дека таму се отстапува од предвиденото за градење?

Работите на покривот ќе се интензивираат следната недела. Јавноста ќе мора и понатаму да биде будна. Да не се случи некоја чудна појава и пак „несакајќи“ да никне некој објект.