Три Албанки една Србинка и една Косоварка приведени во Чегране, го злоупотребиле туристичкиот престој

Неколку странски државјанки биле уапсени ноќеска во гостиварско. Тие биле приведени, поради злоупотреба на туристичкиот престој.

СВР Тетово информира дека ноќеска (27.12.2022) во перидот од 01.15 до 02.30 часот по полноќ во угостителски објект во гостиварско Врапчиште била спроведена акциска контрола,  при што полициски службеници од Полициското одделение Галате привеле пет странски државјанки: Д.Ч.(33), С.Р.(30) и Д.З.(36) од Албанија, Ф.О.(30) од Косово и 52 годишната С.З. од Србија.

Тие биле приведени поради злоупотреба на туристички престој и постапување спротивно на целта. Странските државјанки биле задржани во полициска станица за  понатамошни  постапка.

Претходна вестНационална комисија за учебници: Го одобривме учебникот по Историја откако тоа ни го предложија БРО и рецензентите
Следна вестЃоковиќ пред една година го депортираа како криминалец, а сега му посакуваат добредојде