Три дена неделен возен ред на автобусите на ЈСП

Како и вообичаено, кога се празнични денови, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возат по секојдневниот распоред. Како што соопштија од таму, нивните автобуси ќе сообраќаат според неделен возен ред. А, истиот останува и за викендот.

Со неделно работно време утре ќе работат и билетарниците: Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 часот, Зелено пазарче од 7 од 19.30 часот и Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.

Во сабота ќе работат со вообичаениот распоред.