Темен режим Режим на светлина

Три дена попис, а попишувачите уште не знаат кои лица се во изолација

Здравствената состојба на попишувачите сега е добра и директорот на ДЗС Апостол Симовски се надева дека така и ќе остане.

Попишувачите се уште немаат информации кои од лицата се во изолација, но ќе добијат адреси, вели тој.

-Имиња нема и не може ни да има, бидејќи се тоа лични податоци, но попишувачите ќе добијат адреси на лица кои во тој момент се во изолација и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите за такви ситуации, вели Симовски.

Досега не е изречена ниту една казна за одбивање за попишување, а ако се појават такви случаи, со нив прво ќе се разговара.

За само три дена од пописот веќе имаше пад на системот, а денешната информација дека лицата на терен се уште немаат добиено адреси на лица кои се во изолација поради ковид, го доведува во ризик и здравјето на попишувачите и оние со кои тие, при евентуален ваков контакт, би се сретнале.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нема шанси да се дуплираат податоци, тврди директорот на статистика по вчерашниот крах на системот

Следна објава

Цел центар затворен поради подготовките за утрешната прослава