Три дена театар на сенки во МКЦ

До среда, утре, трае Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“, што почна вчера во киното Фросина во Младинскиот
културен центар.

Вечерва од 18 часот е анимираниот филм со сенки „Црна школа”, проект на младиот Фабијан Штребер од Германија, кој по проекцијата ќе одржи презентација за креативниот процес на изработка на анимацијата. Веднаш потоа, од 19:30 часот, по вторпат во Скопје гостува „Сија каса синема“ од Бразил со неговата најнова претстава „Циркус анимус“.

В среда, фестивалот завршува со претставата „Алиса и чудата“, која почнува во 19.30, во продукција на организаторот на фестивалот, Театар „Сенки и облаци“.

Билетите чинат по 150 денари.