Три деца во сериозна здравствена состојба поради компликации од грипот

Компликациите од грипот се причина за сериозна здравствена состојба на три деца кои се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје, известија од оваа болничка установа. Тие се меѓу вкупно 17 пациенти кои се хоспитализирани на Клиниката. Во сите три случаи, децата, освен грипот имаат и некои други болести.

Надлежните од Клиниката информираат дека ниту едно дете не е на апарати за дишење и дека се преземаат сите мерки за да се подобри нивната состојба.