Голем пожар кој денеска прво се појавил на депонија се прошири и на околните куќи. Од Центарот за управување со кризи информирата дека огнот зафатил три куќи откако го проширил ветрот кој денеска дува.
Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се врши евакуација и на околни објекти.
-Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени, вели Ангелов.
Според првичните информации, куќите горат во населбата Карач, поранешен Гранит каде што има многу нови куќи и викендици. Веќе е исклучена струјата, а не функционираат ниту телефоните.
Градоначалникот на Дојран Анго Ангов за Канал 5 изјави дека огнот се шири и кон Стар Дојран.
-Состојбата е загрижувача. Оггнот од Карач сега се шири и кон Стар Дојран. Почна на депонијата и се чини дека е подметнат. Бараме да се интервенира од воздух. Брзоа дојдоа противпожарните екипи но ветрот го шири огнот, рече Ангов.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



