Три лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Во текот на вчерашниот ден биле регистирани три каснувања од кучиња скитници. Најпрво во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, Е.Ш.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 13.10 часот во Полициската станица Центар, В.Л.(65) од Скопје пријавила дека на бул.„Кочо Рацин“ била касната од куче скитник.

Последниот случај е регистриран во 14.15 часот во Полициската станица Аеродром, каде што А.М.(39) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

Претходна вестНајнова најава: „Градски Паркинг“ ќе обезбеди нови 1.350 паркинг места и ќе гради монтажни паркиралишта
Следна вестУапсен дилер во Скопје, кај него пронајден хероин