Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата на булеварите „Партизански одреди“ и „8 септември“ во Скопје. Полицијата соопшти дека во сударот учествувале три возила – „мерцедес“, „хонда“ и „бе-ем-ве“ со скопски регистарски таблици.
Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.
Се уште не се познати причините за несреќата кои се мошне чести на оваа фреквентна крстосница меѓу овие булевари.