Три возила се забиле во заштитна ограда во Ченто, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје. Три возила се забиле во заштитната ограда на патот на влезот во Скопје во населбата Ченто.
Несреќата се случила синоќа околу полноќ и засега нема подетални информации од полицијата за овој инцидент.
На социјалните мрежи очевидци пишуваат дека возилата се целосно уништени, а неколку лица биле посериозно повредени. Набргу по сударот на местото на несреќата пристигнале две возила на Итната медицинска помош. Извесно време бил блокиран и целиот автопат.