Тридневен Фестивал на музика од светот во Битола

НУ Центар за култура-Битола во наредните три дена ќе биде домаќин и организатор на меѓународниот Фестивал на музика од светот на кој ќе настапат уметници од Португалија, Србија, Бугарија и Северна Македонија.

Директорката на НУ Центар за култура-Битола, Маја Андоновска Илијевски најави дека најновото, 14. издание на фестивалот Музика од светот ќе го отвори гостинката од Лисабон, една од најмаркантнитеи една од најнаградуваните артистки што го негува фадо-звукот, Жоана Амендоира. -Незабораваме на нашите домашни артисти и затоа и оваа година македонските артисти ќе бидат на нашата културна сцена, а тоа се групата „Фонтана“ кои ќе приредат концерт со Камерниот оркестар и нивните гости Даница Крстиќ од Србија, Ангел Демирев од Бугарија и нашиот Џамбо Агушев. Концертот е веќе распродаден, а голем интерес има и за придружната програма на која ќе настапат битолчаните Фолтин, посочи Андоновска Илијевски. Фестивалот на Музика од светот, кој годинава има и ново лого, ќе заврши в недела со концертна промоција на „Лилит меѓу луѓето“ што ќе ја изведат членовите на групата „Лилит“, млади музичари кои, како што беше речено на прес конференцијата во Битола, настапуваат насекаде низ земјава. Фестивалот Музика од светот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

Претходна вестСмртноста на предвремено родени бебиња намалена од 25 на 8,2 проценти
Следна вестСофијанова ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника