Триумф на македонските одбојкари над репрезентацијата на Белгија

Македонската одбојкарска репрезентација вчера ја совлада Белгија со 3-1, по сетови 25-21, 25-23, 17-25 и 25-21. На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ „црвено-жолтите“ до триумфот ги предводеше капитенот Никола Ѓорѓиев со 19 поени.

Следниот натпревар македонските одбојкари ќе го имаат в сабота, исто така во СЦ „Борис Трајковски“, кога ќе ја пречекаат репрезентацијата на Хрватска.

По две кола, во водство се Украинците со шест бодови, белгиската и македонската репрезентација имаат по три, Хрватите се последни без ниту еден бод.

Претходна вестУапсен е скопјанец за убиството во Јетон Кривањева „Жила“
Следна вестСо полиција се затрупува градилиштето зад Универзална, кое проголта дел од улицата „9 Мај“