Трка по „македонскиот дијамант“ – Елмас оди во Лидс за 17 милиони евра?

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса изразил желба да го донесе Елиф Елмас во Премиер лигата. Неводно тоа веќе им го соопштил на раководните луѓе на клубот, пишуваат англиските медиуми.

За Елмас постои голем интерес, од Бенфика, Борусија Дортмунд па и Тотенхем, но засега останува во Наполи, но ова може да биде жешко лето на трансфер берзата за Елмас. Се проценува дека неговиот трансфер би чинел 17 милиони евра.