Темен режим Режим на светлина

Тројца млади Македонци загинале во сообраќајка во Италија

Тешка сообраќајна несреќа во северна Италија. Според тамошните медиуми во неа има загинато дури четири лица, од кои тројцата се македонски државјани.

Тројца македонски државјани биле на возраст од околу 30 години, а Италијанецот имал 23 години. Тие загинале синоќа во сообраќајна несреќа во близина Ница монферато, јави италијанскиот медиум „Ла Воче ди Асти“.

Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.

Извори од полицијата изјавиле дека засега немаат детали за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.

ФОТО: Италијански сервис на Еуроњуз

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Осуммина свештеници на МПЦ-ОА добија високи свештенички достоинства од Вселенската патријаршија

Следна објава

Археолозите на протест пред Собрание: Поради профит се озаконува неповратно уништување на културно наследство