Тројца повредени во сообраќајка кај превојот Буково

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што попладнево се случи на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на планинскиот превој Буково. Според првичните информации, во незгодата учествувале три возила, а причинета е и материјална штета.

Повредените, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се префрлени во Општата болница – Охрид и во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“.

Полициски екипи вршат увид на местото на незгодата, поради што сообраќајот беше во прекин, а по 15 часот е нормализиран во двата правци.