Тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш

Три лица се повредени кога денеска околу 15 часот автомобил марка „BMW“ со струмички регистарски ознаки излетал од патот Струмица – Радовиш, кај селото Владевци.

Според информацијата од портаролката на СВР – Струмица, Александра Трајанова, при сообраќајката се повредени возачот на автомобилот и двајца негови сопатници, кои се пренесени во струмичката болница.

Трајанова додаде дека увидот на полицијата се уште трае, а од 16 часот сообраќајот се одвива наизменично, откако претходно по несреќата тој беше во целосен прекин.

Претходна вестНад 100 нови паркинг места и нови улици во 11 Октомври згради
Следна вестМиовски стрелаше за минимална победа на Македонија против Фарски Острови