Темен режим Режим на светлина

Тројца скопјани искасани од кучиња во Аеродром, Бутел и Кисела Вода

Тројца скопјани пријавиле дека вчера биле каснати од кучиња, соопшти денеска полицијат.

-Во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода А.Д.(39) од Скопје пријавила дека на ул.“Светлана Христова Јоциќ“ била касната од куче скитник. Во 13.15 часот во Полициската станица Аеродром А.Г.(51) од Скопје пријавила дека на бул.“Видое Смилески-Бато“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Во 20.30 часот во Полициската станица Чаир К.М.(65) од Скопје пријавила дека кај градските гробишта Бутел била касната од куче скитник, соопштија од МВР.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Партиите на Албанците во тетовскиот Совет на ја прифатија иницијативата за спомен-обележје за загинатите во Вејце

Следна објава

Талентираните средношколци ќе се претставуваат на Средноленд