Тројца тешко повредени во сообраќајка на паркингот на скопскиот аеродром

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на паркинг просторот на Меѓународен аеродром Скопје.

МВР информира дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(46) од Прилеп.

-По несреќата возачот А.А. и неговите сопатници Ќ.А.(66) и малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди, соопшти МВР.

Претходна вестРечиси половина бебиња во Македонија се раѓаат со царски рез
Следна вестКовачевски: Владината коалиција е стабилна, ќе разговараме за барањата на Достоинство