Тројца мигранти од Сирија пронајдени во возило во Беровско

Oд страна на полициски службеници од Полициската станица Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток на крстосницата „Брик“- Берово било забележано патничко моторно возило „пежо 307“ со бугарски национални ознаки кое на даден знак не застанало. По преземени мерки кај раскрсницата за село Ратево, било пронајдено возилото, а биле пронајдени и три лица – мигранти од Сирија. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Претходна вестЧасовниците еден час наназад – ноќеска ќе почне зимското сметање на времето
Следна вест218 санкционирани возачи во Драчево