На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 78-годишната пациентка од Велес хоспитализирана на 14 мај, а во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во инфорамцијата се наведува дека во изминатово деноноќие Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти од кои тројца се од Скопје и 11 од Тетово.
-Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на Ковид-19 од кои во Скопје 9, Штип 5, Струга 1 и Гостивар 1. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445, се наведува во инфорамцијата
Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
-Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг, објаснува Министерството за здравство.