Тројца починати, 118 новозаразени и 127 оздравени од корона вирусот

Во последните 24 часа потврдени се 118 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив, 55 случаи се регистрирани во Скопје, 12 во Куманово, девет во Прилеп, шест во Тетово и пет во Штип. Потоа, по четири случаи на Ковид-19 се регистрирани во Кавадарци и Кичево, по три во Охрид и Виница, по два во Велес, Гостивар, Крива Паланка и Делчево и по еден во Дебар, Струга, Битола, Струмица, Кочани, Пробиштип, Берово, Кратово и Свети Николе.

-Во болнички услови починале тројца пациенти од Ковид-19, односно, пациент од Тетово на 64 години, пациент од Штип на 82 години и пациент од Струга на 74-годишна возраст, се наведува во информацијата.

Институтот за јавно здравје регистрирал 127 оздравени пациенти: 37 од Струга, 22 од Скопје, 13 од Охрид, по 11 од Кавадарци, Куманово и Штип, шест од Битола, пет од Кичево, четири од Виница, по три од Велес и Демир Хисар и еден од Гостивар.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194, бројката на оздравени пациенти е 9.752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.888, информираат од Министерството.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти,а вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема на механичка вентилација.

-Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, наведува МЗ.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Досега во земјава се направени вкупно 132.493 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.653 теста.

Претходна вестПочна изградбата на улица „Есенинова“, ќе се растовари раскрсницата кај Тутунски
Следна вестСекој четврти болен од корона вирусот во Скопје е од Чаир, Гази Баба и Аеродром