Тројца пратеници од мнозинството со ковид- Собранието пак нема кворум

143

Собранието денеска повторно не успеа да обезбеди кворум за го утврди дневниот ред за 34 седница, бидејќи тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на корона вирусот.

– Во четвртокот минатата недела утврдивме дека денешниот ден ќе биде ден за гласање на точките коишто поминале на расправа. За жал, морам да констатирам дека од мнозинството се присутни 59 пратеници. Тројца пратеници се спречени да учествуваат на оваа седница затоа што се заразени со корона вирус. Двајца од нив добиле одлука за изолација, бидејќи се позитивни на ковид-19, а третиот пратеник, кој има симптоми, очекува резултати, објави претседателот на Собранието Талат Џафери.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСпасовски за полицискиот час: Не сакаме, но мораме
Следна вест„Левица“ ќе повика на бојкот на пописот доколку не се одложи