Тројца скопјани приведени, полицијата кај нив пронајде марихуана

Поседување марихуана била причината што полицијата вчера привела тројца скопјани и по што против нив ќе поведе казнена постапка. Во првата акција вчера во 12.30, полициски службеницие на улица „11 Октомври“ од слобода ги лишиле лицата О.Н.(29) и Н.А.(28), двајцата од Скопје, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Претходно, рано утрото во 04.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во населба Илинден го лишиле од слобода лицето К.Д.(22) од с.Марино, скопско, поради тоа што при преглед кај него, исто, така, била пронајдена марихуана.

Ова се нови приведувања заради поседување на оваа дрога, а кои се надоврзуваат на повеќе други во изминативе денови.