Тројца Словенци 8 години вработувале работници од регионот кои не ги плаќале, има и наши државјани

Тројца словенечки државјани за осум години измамиле 432 претежно странски градежни работници, меѓу кои има и Македонци.

На крајот на мај, криминалистичката полиција во Цеље заврши истрага за системско кршење на основните права на работниците, соопшти денеска Полициската управа на Целје, јави словенечката агенција СТА.

Откриено е дека работодавците ангажирале работници од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, а подоцна, по некое време, тие би биле повторно вработени во секогаш нови „фиктивни“ компании. Се работи за период помеѓу 2011 и 2019 година

Осомничените „фиктивни“ директори управувале со вкупно 22 компании во текот на периодот, додека не им плаќале намерно на работниците плати, придонеси за социјално осигурување, како што се здравствено и пензиско осигурување, ниту плаќале даноци и отпремнини.

Претходна вестГостиварка крадела фотографии од малолетничка и ја омаловажувала на Фејсбук
Следна вестДржавата уште 6 месеци во кризна состојба поради ковид – опозицијата гледа можна злоупотреба за локалните